„ТРАУМИТЕ ЗА МЕНЕ И МОЕТО СЕМЕЈСТВО ОСТАНАА ЗАСЕКОГАШ“: Пешевска се присети на апсењето за тероризам
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, објави статус на социјалните мрежи со кој се присети на апсењето во 2017 година за тероризам.
„Да не се заборави, да не се повтори!
На денешен ден во 2017 година, нешто пред 05:00 часот наутро, со полициска опсада и кршење на вратата, пред очите на моите три малолетни дечиња ми беа ставени лисици на рацете под лажно обвинение за тероризам.
Поминав низ судови, претреси, одземен имунитет и домашен притвор. На крај, во отсуство на докази, истрагата беше запрена, но траумите за мене и за моето семејство останаа засекогаш.
Денес стојам гордо исправена пред мојот македонски народ, како жена која не потклекнува кога станува збор за националните интереси!
Но, сѐ додека моите браќа патриоти се во зандани, далеку од своите најблиски, болката е голема.
Со најголема тага се сеќаваме и на Кире Ѓорѓиевски и Игор Југ, кои не ја дочекаа слободата.
Неправдите не се забораваат.
Вистината секогаш излегува на виделина“, напиша таа.
Слично
