Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трагично заврши потрагата по тинејџер од тетовско, пронајдено телото во реката Пена

Трагично заврши потрагата по тинејџер од тетовско, пронајдено телото во реката Пена

Пронајдено телото на 16 годишно момче во реката Пена кај месноста Бањиче, тој бил пријавен за изчезнат пред неколку дена. 

Утринава, штом било пријавено дека во водите на Пена има беживото тело, полиција започна увид од претставници на СВР Тетово и Обвинителството.

– Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид во местото викано Бањиче, каде во реката беше пронајдено безживотното тело на починатото 16-годишно лице. Станува збор за лице кое неколку дена било пријавено за исчезнато. Јавниот обвинител издаде наредба за прибирање на сите траги и докази со цел да се утврдат причините за смртта - соопштија од прес службата на Јавното обвинителство.

Обвинителот издал наредба и за обдукција на телото на починатиот.

Претходно неговиот татко Џ.Х.(46) од Ново Село, Желино, пријавил дека на 21.12.2022 околу 16.00 часот од домот се оддалечил неговиот син со патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки.

Ноќеска, околу 02.20 часот, возилото било пронајдено во близина на угостителски објект на место викано „Бањиче“.

Слично

Поврзани вести