Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАГЕДИЈА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИТЕ ПРУГИ ВО СКОПЈЕ - воз прегази маж кој веднаш починал

ТРАГЕДИЈА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИТЕ ПРУГИ ВО СКОПЈЕ - воз прегази маж кој веднаш починал

Маж на возраст околу 50 години загинал синоќа откако во него удрил воз кој сообраќај на релација Скопје - Битола. Несреќата се случила на излез од населбата 11 Октомври кај надвозникот во билизина на булеварот „Србија“ во Скопје. 

Лицето починало веднаш на самото место на несреќата. Смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош во Скопје, а на терен полицијата ги истражувала причините за како дошло до оваа трагедија.

Според соопштението за несреќата испратено од Министерството за внатрешни работи (МВР), мaж на околу педесет години вчеравечер почина по удар од воз на железничката пруга пред надвозникот на булевар „Србија“ во Скопје. Тој бил удрен од возот кој сообраќал од Скопје кон Битола.

Според соопштението за несреќата испратено од МВР, мажот починал на самото место, а смртта ја констатирал од лекар од Итната медицинска помош.

Случајот во СВР Скопје бил пријавен вчера во 20:20 часот, a полициска увидна екипа извршила увид на местото на несреќата. Се преземаат мерки за  расчистување на случајот.

Поради овој несреќен случај возот кој тргнал од Скопје за Битола по возен ред во 20.05 минути од железничката станица во Скопје, доцнел на крајната дестинација повеќе од пет часа. 

Имено, за само 10 минути по тргнувањето, се случила кобната несреќа во која бил прегазен човекот, па поради увидот на полицијата и јавниот обвинител, возот остананал на местото на несреќата со часови. 

Слично

Поврзани вести