Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАСЕВСКИ РАСКАЖА КАКВО ОБРАЗОВАНИЕ МИНАЛ ЗА ДА БИДЕ КОНТРОЛОР НА ЛЕТАЊЕ: „И покрај фактот што татко ми работел таму, јас бев принуден да поминам многу обуки“

ТАСЕВСКИ РАСКАЖА КАКВО ОБРАЗОВАНИЕ МИНАЛ ЗА ДА БИДЕ КОНТРОЛОР НА ЛЕТАЊЕ: „И покрај фактот што татко ми работел таму, јас бев принуден да поминам многу обуки“

Александар Тасевски, синдикалниот лидер на контролорите на летање, на својот фејсбук профил си ја отвори душата не само околу шпекулациите за семејни вработувања, туку и за неговото образование, а го спомена и неговиот татко, кој исто така работел во М-НАВ.
„Прво, како Претседател на ССКЛ, но исто и како вработен во една високо професионална институција, ги поздравувам потезите на Владата да се "чешлаат" вработувања и со самото тоа и досегашното работење на М-НАВ, укажувајќи дека тоа всушности и беа нашите синдикални барања до сега.

Би сакал да му се заблагодарам на Премиерот Ковачевски што некој најпосле ги послуша нашите барања со сериозност, а не како во минатото, сето тоа да остане на празни ветувања.

Што се однесува до инсинуациите за семејни вработувања и непотизам, во конкретниов случај посочен јас и моето семејство, стојам на располагања, на сите институции, и ревизии, со соодветни документации, лиценци и обуки, завршени во странство, и кај нас. Како дел од нив, би напоменал многу-бројни обуки во ЕУРОКОНТРОЛ, центри за обука за контролори на летање во Америка, почетното школо за контрола на летање во Белград, постојани проверки на теоретско и практично знаење и способност, лиценци за инструктор и за испитувач...

Набројувам само мал дел од образовните институции низ кои сум поминал, со цел да се објасни во јавност, дека моето школување за контролор на летање, започнало многу пред М-НАВ дури и да постои како компанија, во далечната 1993та година.

Како дел од фелата на контролори на летање, успеав, и сеуште настојувам да помогнам со моето стекнато знаење, да ја усовршам професијата, себеси па и компанијата, давајќи удел од самите почетоци кога М-НАВ како компанија прооде за прв пат.

Фактот што татко ми, посочен исто во изјавата, бил претходно вработен во полето на авијацијата, од времето на бивша Југославија па после и во М-НАВ, но јас сепак бев "принуден" да ги поминам сите тие обуки, курсеви, испити и препреки, укажува на професионалноста од негова страна, доблеста и дисциплината што ни ја втемели во нашиот карактер.

Од таму и потекнува борбеноста, љубовта и желбата за максимална професионалност во контролата на летање, за која што продолжувам и понатаму да се залагам да се применува за секој еден кој што сака да биде дел од нашето воздухопловно семејство, без разлика дали е „нечиј“ или „ничиј“.

Овој факт, би требал да биде пример за пофалба, а не за критика и дефокусирање од вистинските проблеми во М-НАВ, напиша тој на фејсбук.

Потоа, тој гостуваше и во Топ тема на Телма, каде детално говореше за проблемите во М-НАВ.



Слично

Поврзани вести