Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока: СДСМ прашува
Судот ги завршил и ги доставил сите потребни документи за екстрадиција на осудениот криминалец Никола Груевски, се вели во соопштението од СДСМ.
Тие велат дека сега тие документи се во Министерството за правда, а министерот од ЗНАМ, дел од тендер коалицијата на Мицкоски, не ги испраќа во Унгарија.
„Нема никаква причина да се чека нова влада. Институциите мора да работат и да постапат веднаш. Мицкоски и неговата влада свесно го штитат Груевски и му даваат време да побегне во трета држава. Ова не е административна грешка туку свесна заштита на криминалецот од страна на шефот на криминалната организација ВМРО-ОКГ. Граѓаните заслужуваат јасен одговор: Зошто Мицкоски не го бара Груевски? Зошто документите се заглавени во Министерството за правда? Доаѓа времето на вистината!“, велат од СДСМ.
