Струга ќе купува два еко-брода
Струга треба да добие три пристаништа до крајот на годинавазаради воспоставување бродска линија меѓу Струга, Охрид и Поградец, најавува пред почетокот на летната сезона струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Струшкиот градоначалникнајавува набавка на два еко-бродови.
„Во план е да се набават два брода со сончеви колектори, коишто нема да го загадуваат езерото, како и поставување на три платформи, коишто ќе служат како пристаништа, со што ќе се воспостави бродската линија до Охрид и Поградец“, вели Мерко за ДВ.
Проектот ќе биде финансиран во рамки на програмата за прекугранична сработка на С. Македонија и Република Албанија, преку Инструментот за претпристапна помош ИПА 2.
Бродската линија Охрид-Струга која беше воведена во 2014 година за кратко време беше укината поради слаб интерес.
