Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРЕДНОШКОЛСКИ ПРОТЕСТ ПРЕД МОН - се бара промена на директорка и транспарентен избор на кадар

СРЕДНОШКОЛСКИ ПРОТЕСТ ПРЕД МОН - се бара промена на директорка и транспарентен избор на кадар

Средношколци од Математичко - информатичката гимназија заедно со нивните родители денеска протестира пред Министерството за образование. Бараат оставка од директорката на гимназијата Јулијана Гајдаџева, поради последниот избор на наставен кадар. Тие не се задоволни што директорката не ги задржала професорите кои дипломирнаи на реномирните универзитети што досега им предавале.

Средношколците пред камерата на Канал 5 телевизија посочуваат дека биле отпуштени наставници со добри квалификации кои имале голем придонес за нивното образовение. 

- Прво беше отпуштен професор по физика, кој навистина има добри квалификации, има завршено на Оксфорд. А, потоа почнаа и другите вработувања. Физика и не ни е најстручен предмет, но е многу важен, се полага приемен испит за тоа. Сега најголем проблем ни се предметите по информатичките области програмирање и математика ни е стручен исто така --, изјави Стефанија Кузмановска, ученичка во Математичко – инфроматиучката Гимназија.

Бараат од Министерството за образование да се смени начинот на изборот на наставниците кои би предавале во гимназијата. Предлагаат воведување на транспарентност, непристрасност и вистинска стручност при оценување на кандидатите за вработување. 

Фото: Принтскрин/Јутуб/Канал 5

Слично

Поврзани вести