Економија, финансии, бизнис

Контакт

СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА ВО ЦЕНАТАРОТ НА СКОПЈЕ, оштетувањата на возилата се значителни (Фото)

СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА ВО ЦЕНАТАРОТ НА СКОПЈЕ, оштетувањата на возилата се значителни (Фото)

Попладнево во центарот на главниот град повторно нова сообраќајка меѓу два автомобили. 

Сообраќајната незгода се случила на рескрсницата меѓу булеварот Климент Охридски и улицата Димитрија Чуповски, во близина на студентскиот дом. 

До нашата редакцијата пристигнаа повеќе фотографии од загрижени минувачи кои посведочиле на удесот. 

Фотографиите сведочат дека дошло до силен удар меѓу возилата, како што може да се забележи на едно од возилата има голема штета од силината на ударот. 

Од фотографиите се забележува дека удесот е во близина на улицата пред студенскиот дом која се реконструира. 

Возилата веќе се потргнати од местото на удесот, и сообрќајот е прооден. 

Повеќе детали за несреќата и дали има повредени патници се очекуваат во текот на денот од МВР. 


Фото: Фактор

Слично

Поврзани вести