Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СЛЕДНИТЕ ДВА ВИКЕНДИ ЌЕ ИМА ГУЖВА НА ГРАНИЦА“: Споените викенди во Македонија ги алармираа Србите

„СЛЕДНИТЕ ДВА ВИКЕНДИ ЌЕ ИМА ГУЖВА НА ГРАНИЦА“: Споените викенди во Македонија ги алармираа Србите

Фејсбук страната Пат до Грција, издаде предупредување до туристите за можно гужви за влез во Грција, заради двата споени викенди кои ни претстојат по повод 24 Мај и Духовден - 29 Мај. 

„Патниците кои планираат да заминат кон Грција преку Македонија во наредните денови треба да сметаат на поголеми гужви, особено на граничните премини Евзони и Дојран.

Причината е два продолжени викенди во Македонија, поради кои се очекува поголем број патници кои ќе ги искористат слободните денови за краток одмор во Грција.

Првиот продолжен викенд е поврзан со празникот Свети Кирил и Методиј. Празникот е на 24 мај, но бидејќи оваа година паѓа во недела, неработниот ден се префрла на понеделник, 25 мај.

Вториот продолжен викенд е по повод Духовден, односно петокот пред празникот, 29 мај.

Со почетокот на сериозниот ритам на летната сезона, поголемиот број патници и можни дополнителни проверки поврзани со ЕЕС системот, реално е да се очекуваат подолги чекања на најоптоварените термини.

Најголемите гужви кон Грција се очекуваат во петок, 22 мај, попладне и навечер, како и во сабота, 23 мај, наутро. Враќањето од Грција ќе биде најкритично во понеделник, 25 мај, од пладне до вечер.

Поголемиот сообраќај кон Грција се очекува и во четврток, 28 мај, попладне и навечер, како и во петок, 29 мај, наутро. Враќањето од Грција се предвидува во недела, 31 мај, од пладне до вечер.

Препораки за патниците:

Избегнувајте патување во петок попладне и сабота наутро кон Грција.

Избегнувајте понеделник попладне при враќање од првиот викенд.

Избегнувајте четврток навечер и петок наутро за појдовни термини вториот викенд.

Избегнувајте недела попладне и вечер за враќање.

Проверете го состојбата на граничните премини пред појдов.

Пригответе вода, храна и сè потребно за деца ако патувате семејно.

Евзони или Дојран?

Евзони е најчест избор за патниците, но може да биде најоптоварен во врвните моменти. Дојран е алтернатива, но и таму можни се подолги чекања.

Периодот крај мај е првиот голем тест за граничните премини пред главната летна сезона. Добра подготовка значи помалку нервоза на патот.

За информации во реално време, состојба на граници и совети, следете ја заедницата на Viber „Пат до Грција“.“, се вели во објавата.


Слично

Поврзани вести