СИНОХИДРО ЌЕ ЈА ПОВЛЕЧЕ АРБИТРАЖАТА - Владата тврди дека ќе бидат заштедени 50 милиони евра
Кинеската компанија Синохидро која го гради автопатот од Кичево до Охрид, ќе ја повлече арбитражата пред Меѓународниот суд во Париз, објави Владата, од каде посочија дека е постигнат договор со изведувачот.
- Министерството за транспорт ја информираше Владата дека успеа да постигне согласност со изведувачот на автопатот Кичево - Охрид, Синохидро за да ја повлече арбитражата пред Меѓународниот суд за арбитража во Париз со кој беше оптужено Јавното претпријатие за државни патишта.
На овој начин се заштедени над 50 милиони евра кои ќе беа потрошени доколку арбитражната постапка продолжеше - нагласуваат од Владата во соопштението испратено до јавноста.
Слично
