Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕКОГАШ КОГА Е ВО КРИЗА, КАПИТАЛИЗМОТ ПОСЕГНУВА ПО НАЈСИГУРНОТО ОРУЖЈЕ - ВОЈНАТА: Најчевска вели дека капитализмот мора да биде надминат

СЕКОГАШ КОГА Е ВО КРИЗА, КАПИТАЛИЗМОТ ПОСЕГНУВА ПО НАЈСИГУРНОТО ОРУЖЈЕ - ВОЈНАТА: Најчевска вели дека капитализмот мора да биде надминат

Професорката Мирјана Најчевска во јавна објава изнесува критички став за односот меѓу капитализмот и војната, оценувајќи дека војната претставува „највносна економска гранка и најдобар бизнис“ за капиталистичкиот систем.

Според неа, војната овозможува интензивен развој на индустријата за оружје, кое се троши во огромни количини и бара постојано производство и снабдување. Таа наведува дека воениот контекст придонесува за концентрирање на богатството во рацете на малкумина, како и за ограничување на човековите права и слободи, вклучително и правото на протест, слободата на говор и издвојувањата за здравство, образование и социјална заштита.

Во својата анализа, Најчевска посочува и на појавата на воено профитерство, неказнивост за крупни криминали и прекршувања на законите, како и намалување на работничките права. Таа смета дека во услови на војна се запоставуваат прашањата поврзани со животната средина и долгорочната иднина на човештвото.

„Војната е највисок дострел на капитализмот. Секогаш кога е во криза, капитализмот посегнува по најсигурното оружје за сопствениот опстанок – војната“, наведува професорката.

Таа предупредува дека актуелното разгорување на повеќе воени жаришта и барањата за зголемени воени буџети укажуваат на длабока криза на системот. Според неа, останува отворено прашањето дали човештвото ќе мора да помине низ глобален воен конфликт за да се достигне ново ниво на развој, со ризик од самоуништување, или ќе успее да направи исчекор без такви последици.

Најчевска заклучува дека капитализмот мора да биде надминат, но прашање е со колкави жртви тоа ќе се случи.



Слично

Поврзани вести