Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕДУМНАЕСЕТ ГОДИШЕН ТИНЕЈЏЕР ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА, две момчиња од Желино излетале од патот

СЕДУМНАЕСЕТ ГОДИШЕН ТИНЕЈЏЕР ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА, две момчиња од Желино излетале од патот

Седумнаесетгодишник од селото Добарце, Општина Желино е тешко повреден синоќа во 21 часот и 55 минути во сообраќајка на локалниот пат Тетово-Требош, по излетување на возилото во кое бил сопатник.

Автомобилот го управувал две години постаро момче од истото место.

– На локалниот пат Тетово-Требош патничко моторно возило „Форд” со италијански регистарски ознаки управувано од 19-годишниот Е.Р. од тетовско Добарце излетало од коловоз. Во несреќата, сопатникот во возилото, 17-годишник од истото село здобил тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, а возачот телесни повреди, информира СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Слично

Поврзани вести