Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ВКЛУЧИ ЕР ТРАКТОР ВО ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРОТ ВО ВИЗБЕГОВО: Има опасност по околните објекти

СЕ ВКЛУЧИ ЕР ТРАКТОР ВО ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРОТ ВО ВИЗБЕГОВО: Има опасност по околните објекти

Силниот ветер  кој и денес дува, го отежнува гасењето на пожарот во Визбегово, па од тие причини, ЦУК побарал вклучување на Ер трактор за побрзо гасење.

„Во реонот на Визбегово, Општина Шуто Оризари во близина на дивата депонија, избувнал пожар кој се шири и претставува ризик за проширување кон околните површини. Има опасност бидејќи во близина се наоѓаат станбени куќи. По барање на градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, побарана е воздушна поддршка за справување со пожарот. Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш го процесуираше барањето до Министерството за внатрешни работи (МВР) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), со цел побрза и поефикасна интервенција на терен“, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК) .


(ФОТО/ВИДЕО) ГОРИ ВО ВИЗБЕГОВО: Четири противпожарни возила се борат со огнот


Слично

Поврзани вести