Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се укинува ли притворот на Сеад Кочан!?

Се укинува ли притворот на Сеад Кочан!?

Како што пренесува Алсат М од свои сигурни извори притворот на бизнисменот Сеад Кочан најверојатно ќе биде укинат, но не по барање на Специјалното јавно обвинителство, туку преку интервенција на Врховниот суд, односно мерката ќе биде вратена пред судовите од првостепената постапка.

Според информаците на телевизијата, ваква одлука е донесена во текот на вчерашниот ден. Со ова, се поништува домашната и меѓународната потерница која полицијата ја распиша за Кочан, уште пред речиси 2 месеци, откако бизнисменот се даде во бегство. Според ваквата одлука, за очекување е осомничениот во случајот „Труст“ слободно да се врати во Македонија. Денеска испративме прашања до Кривичниот суд, но оттаму ни рекоа дека судот нема никакви решенија за објавување. Конкретно за случајот Кочан нè упатија да испратиме прашања до претседателот на судот за кои одговор би добиле во понеделник. Ваквиот дополнителен заплет на настаните со Кочан следува откако пред само два дена, Кривичниот суд по барање на Специјалното јавно обвинителство го замрзна имотот и три сметки на сопственикот на „Трансмет“. Адвокатот на осомничениот денеска не сакаше да одговори на новинарските прашања околу блокираните сметки на Кочан.

Бизнисменот Кочан се сомничи дека со фалсификувана документација заедно со фирмите „Силекс Неметали“ и „Вато“ добиле тендер од државната ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.

Слично

Поврзани вести