„СЕ ПРАВДААТ СО ЛОШИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ“: Трајановски се огласи за можното редуцирање на автобускиот превоз
Александар Трајановски кандидат за градоначалник на Скопје од ГРОМ, реагира за најавата на ЈСП дека можно е да има редуциран јавен превоз.
„Она кога признаваш колапс и девастиран јавен превоз.
Ама сега од позиција на апсолутна власт не можеш да бараш и да претиш со кривична одговорност за самоволна измена на возен ред без одлука на Совет на Град Скопје.
Сега се правдаш со лоши временски услови, а такви сеуште нема, ама ги посакуваш, за да имаш оправдување за она што си го уништувал пет години наназад, а сега имаш одговорност и го раководиш.
Нели градоначалник само спроведува одлука на Совет? Постои ли таква одлука, или постои импровизирано самоволие и противзаконско проширување на надлежностите?
Јер апсолутна власт, критика не трпи!“, реагира тој.
Слично
