Се македонски национален совет – Македониум бара на Заев да му се одземе мандатот
Нов марш попладнево се одржа од канцеларијата на Европската унија до Вила Водно во организација на Се македонски национален совет – Македониум.
Собрани пред влезот на резиденцијата на претседателот Ѓорѓе Иванов демонстрантите од неколку здруженија упатија повеќе барања.
Тие побараа од Иванов да му го одземе мандатот на премиерот Зоран Заев, да посредува помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и да се стави крај на како што велат братоубиствената војна. Побараа претседателот да се изјасни за, како што велат, големо Албанските дејствија во државата, потоа мешањето на соседите и меѓународниот фактор во внатрешната политика.
Демонстрантите го повикаа Иванов јавно да ги повика македонските политички партии да не патуваат во Париз на состанокот кој го најави известувачот Иво Вајгл.
Тие сметаат деја националните интереси како што се името, идентитетот, јазикот, историјата и културата се загрозени.
