Економија, финансии, бизнис

Контакт

Samsung Bespoke –кујна со стил за живот со стил

Samsung Bespoke –кујна со стил за живот со стил

Дали сте посакале некогаш кујна како од филмовите, каде ентериерот е совршено дизајниран и се функционира беспрекорно? За кујнските елементи да бидат вклопени во единство од кое ништо не отскокнува потребен ви е Samsung Bespoke фрижидер- модел кој со дизајнот и функционалноста ги освојува корисниците ширум светот.

Кога сакате максимална функционалност

Фрижидерот е срцето на кујната и претставува „дом“ за сите различни намирници, поседувањето модел со најсовремена технологија е императив. SamsungBespokeфрижидерот е опремен со технологија SpaceMax ™, што ги прави ѕидовите на фрижидерот потенки и на тој начин создава повеќе простор за уредно складирање храна, додека технологијата All-Around Colling овозможува иста температура во сите делови на фрижидерот. Доколку сакате интензивно ладење, достапна е опцијата Power Cool, а ако ви треба замрзнување мраз или брза храна, во игра стапува иновативната Power Freeze технологија. Забележувате како сите карактеристики се осмислени и прилагодени на современиот динамичен начин на живот.

Естетика која освојува на прв поглед

Но не ја жртвуваме естетиката на сметка на функционалност и напредните функции. Дизајнот освојува на прв поглед. Корисниците можат да изберат боја, материјал и дизајн, а со моделот на фрижидерот Bespoke, Samsung отиде чекор понатаму овозможувајќи ви да го изразите личниот стил. Овој фрижидер одговара на потребите и желбите на своите корисници, бидејќи им е овозможено да изберат големина, број на врати, полици и други елементи. Друга придобивка е тоа што, при изборот на фрижидер, корисникот може да го избере материјалот, како и страната на која ќе биде поставена вратата, што зависи од распоредот на другите елементи во кујната.

Уживање кое трае

За оние кои сакаат да „ѕиркаат“ во фрижидерот во текот на ноќта, има пријатно и меко LED осветлување, кое е поставено така што јасно го осветлува секој негов агол, овозможува одлична видливост, но и дополнително придонесува за енергетска ефикасност.

Кога станува збор за хигиената на овој уред, важно е да се наведе дека има антибактериска обвивка, а сите иновативни изведби ќе носат задоволство со текот на годините бидејќи фрижидерот е сертифициран да работи дури 21 година, а се тоа со 10 -годишна гаранција.

Доколку сè уште не сте се одлучиле за омилената комбинација на елементи, бои и материјали, време е да истражите и  добиете нови идеи, инспирација, како и повеќе информации за овој и другите фрижидери на Samsung, добродојдени сте на: https://www.samsung.com/mk/refrigerators/

ПР објава

Слично

Поврзани вести