РЕСЕНЧАНКА ПОЧИНА ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПРЕВОЈОТ ЃАВАТО - Две лица се хоспитализирани
Во тешка сообраќајка животот го изгуби едно лице од Ресен.
Сообраќајката се случила на патот Битола - Ресен, кај превојот Ѓавато, при што се судриле две возила.
Возачот на едно од возилата починал на лице место.
- На 23.04.2023 во 13.53 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Ресен, кај превојот „Ѓавато", во атар на с.Ѓавато, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“, управувано од И.А.(57) од Ресен и патничко возило марка „мерцедес", управувано од С.Ј.(52) од Ресен, двете со ресенски регистарски ознаки.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала И.А., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Сопатникот во возилото „сеат“ А.А.(56) од Ресен и возачот на возилото „мерцедес“ се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општа болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола - соопштува МВР.
