Економија, финансии, бизнис

Контакт

Радовишкиот градоначалник се попишмани, сепак нема да ги израдува вработените со фигаро за коса

Радовишкиот градоначалник се попишмани, сепак нема да ги израдува вработените со фигаро за коса

Ништо од подарокот фигаро за коса. Градоначалникот на Радовиш сепак нема да ги почести вработените во општината за Денот на жената 8-ми март со производи за нега за коса.

Откако вчера Герасим Конзулов и општина Радовиш распишаа објава за набавка на фигаро за коса, тендерот денеска е повлечен.

Имено, според објавата на Бирото за јавни набавки Конзулов планираше да набави 45 производи за нега на коса – фигаро и со нив да ги изненади веројатно вработените во општината. Критериум за доделување договорот беше најниската цена.

Но сепак, не знаеме зошто градоначалникот се попишманил и решил да го поништи тендерот.

Слично

Поврзани вести