Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИЛЕПЧАНЕЦ НАПАДНАЛ СОГРАЃАНКА ПРЕД НЕЈЗИНОТ СИН, тој дури ја мавал со пиштол

ПРИЛЕПЧАНЕЦ НАПАДНАЛ СОГРАЃАНКА ПРЕД НЕЈЗИНОТ СИН, тој дури ја мавал со пиштол

Прилепчанец нападнал сограѓанка пред очите на нејзиниот син, при што ја удри и со неговиот пиштол. Иако лицата се познавале и договориле заедничка среба во еден од угостителските објекти во Прилеп, тоа не го спречило тој да на нападне и физички и притоа дури да ја мава со пиштол. 

- На 30.09.2022 во 21:22 часот во ОВР-Прилеп, Х.С.(42) од Прилеп пријавила дека околу 15:30 часот по претходен телефонски договор со С.П. таа и нејзиниот син Ф.С. заминале во угостителски објект на подрачје на Прилеп каде таа била физички нападната од С.П. кој при тоа ја удрил и со пиштол.За настанот е известен Јавен обвинител.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот - наведува МВР во својот редовен извештај.

Слично

Поврзани вести