„Посетата на Антонио Кошта треба да се сфати како предупредување“: Жерновски вели дека тој ја кажал вистината што некој сакал да ја сокрие
Посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Скопје носи порака која е директна и јасна, но која, според аналитичарите, актуелната власт се обидува да ја сокрие.
Како што пишува Андреј Жерновски во својот Фејсбук статус, пораката е едноставна: „Она што е договорено треба да се исполни. Не затоа што некој во Брисел сака да ја понижи Македонија, туку затоа што тоа е начинот на кој функционира секоја сериозна држава и секоја сериозна меѓународна заедница.“
Жерновски додава дека во реалноста, Владата на Христијан Мицкоски постојано ја манипулира јавноста, тврдеше дека проблемот со евроинтеграциите не бил во реформите или застојот, туку кај другите: „Во Брисел. Во Европската Унија. Во СДСМ. Во сите, освен кај оние кои денес ја водат државата.“
Поранешниот претседател на Советот на ЕУ, Кошта, како што забележува Жерновски, повторно ја потенцирал потребата за исполнување на договорените обврски, продолжување на реформите и усвојување на уставните измени: „Предупредување дека никој нема да ја заврши домашната задача наместо нас, можност затоа што Европската Унија сè уште ја држи вратата отворена.“
Жерновски заклучува дека македонската влада, наместо конкретни резултати и реформи, се посветува на ПР-кампањи и оправдувања, додека другите земји од регионот, како Црна Гора и Албанија, забрзано напредуваат кон членство во ЕУ. „Историјата нема да ги памети оние што измислувале изговори, туку ќе ги памети оние што носеле одлуки,“ порачува Жерновски.
