Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРОЕН ДОЖД, ГРМЕЖИ И ВЕТЕР, метеоролозите најавуваат невреме во попладневните часови, какво време не очекува следните денови

ПОРОЕН ДОЖД, ГРМЕЖИ И ВЕТЕР, метеоролозите најавуваат невреме во попладневните часови, какво време не очекува следните денови

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

- Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. УВ зрачењето ќе достигне 7 - соопштуваат од УХМР.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Слично време ќе се задржи до недела, при што ќе имаме променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање и под просекот за овој период од годината. 

Слично

Поврзани вести