Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОДНЕСЕНИ НАД ИЛЈАДА АМАНДМАНИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ - Левица е против измените на законот

ПОДНЕСЕНИ НАД ИЛЈАДА АМАНДМАНИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ - Левица е против измените на законот

Пратеникот од политичката партија „Левица“, Борислав Крмов на својот фејсбук профил денеска објави дека во Собранието доставиле над илјада амандмани само за најавените измени на Законот за работни односи. 
- Левица против корпоративниот феудализам!

1.111 амандмани поднесени за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи со кој неуставно, работната недела од 40 часа се зголемува на 60 часа и работниците ќе работат и недела.

Не отстапуваме, ќе се бориме до крај! - стои во неговата објава. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести