Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧИНА МИРКО ПОПОВ - замина еден од најпознатите музичари и продуценти на електронска музика

ПОЧИНА МИРКО ПОПОВ - замина еден од најпознатите музичари и продуценти на електронска музика

Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов (51).  

Тој пред неколку дена беше хоспитализиран на Клиниката за реанимација и интензивно лекување по обилно мозочно крварење, а според информациите починал попладнево на Клиниката за неврохирургија. За жал, обидите на лекарите да го реанимираат биле неуспешни.

Попов е македонски диџеј и продуцент на електронска музика, кој со оваа професија се занимаваше уште од осумдесеттите години. Тој е основоположник на PMG Production, а има одиграно и во неколку театарски претстави и филмови.

Социјалните мрежи се преплавени со веста дека почина Мирко Попов (51), човекот кој беше предводник на електронскиот музички бран кај нас - продуцент, пејач, актер...

„Некои луґе живеат 2 животи во еден. Создаваат, креираат, придонесуваат и оставаат вечен печат. Таков беше ти, драг Мирко. Секогаш ведар позитивен и борбен.

Почивај во мир. А, вредностите кои беа дел од тебе, нека не обединат сите и нека не направат подобри луґе. Затоа што животот е еден“, напиша на Фејсбук Слободанка Тренчева, негова пријателка и долгогодишна промоторка на електронската музика кај нас.


Фото: Принтскрин/Јутуб

Слично

Поврзани вести