Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски именуван за национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО

Пендаровски именуван за национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО

Стево Пендаровски е именуван за национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО, информира денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Oваа одлука е донесена на вчерашната владина седница.

Пандаровски ќе ја преземе функцијата откако одлуката ќе биде објавена во Службен весник, а дотогаш останува пратеник.

Во периодот од 2005 до 2006 година, национален координатор за НАТО беше дипломатката Шпреса Јусуфи, а од 2006 до 2009 година на таа функција беше сегашниот министер за надворешни работи, Никола Димитров. 

Функцијата е испразнета и беше во мирување по неуспехот на Македонија да добие покана за членство на самитот на НАТО во Букурешт во 2008.

Слично

Поврзани вести