Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОВОЈ ПАТ НЕ УСПЕАВМЕ, СЕ ИЗВИНУВАМЕ ПЛАНИНО НАША БУКОВИК..АИР ДА НЕ ВИДИ ТОЈ ШТО ТЕ ЗАПАЛИ“: Потресно сведоштво на планинар од Пехчево, кој учестува во гаснењето на пожарите

„ОВОЈ ПАТ НЕ УСПЕАВМЕ, СЕ ИЗВИНУВАМЕ ПЛАНИНО НАША БУКОВИК..АИР ДА НЕ ВИДИ ТОЈ ШТО ТЕ ЗАПАЛИ“: Потресно сведоштво на планинар од Пехчево, кој учестува во гаснењето на пожарите

Македонија гори, пожари има насекаде, а на социјалните мрежи постојано пристигнуваат нови информации од лица кои учествуваат во гаснењето на волонтерска основа. 

Вчера гореше и во Пехчево, на планината Буковиќ. За овој пожар потресно известуваше Марјан, кој е активен планинар и учествува во гаснењето на пожарите. 


Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански, синоќа побара од граѓаните да остават проодни неколку улици за да можат да дојдат протипожарните возила да интервенираат на огнот. 


Поставена беше и медицинска екипа.

„Една екипа од Итната мед. помош е лоцирана над продавницата кај месноста Говедарник , а другата екипа е во близина на филтер станицата…. Кој има потреба за било каква интервенција, екипите стојат на располагање“ се вели во постот.


Фото: Фејсбук/Александар Китански

Слично

Поврзани вести