Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОМИЛЕНО ПРЕВОЗНО СРЕДСТВО НА МАКЕДОНЦИТЕ ИМ СЕ АВТОМОБИЛИТЕ - јавниот превоз го користат само малкумина

ОМИЛЕНО ПРЕВОЗНО СРЕДСТВО НА МАКЕДОНЦИТЕ ИМ СЕ АВТОМОБИЛИТЕ - јавниот превоз го користат само малкумина

Македонците навалија на автомобилите. Наспроти тенденциите во светот, да се намали употребата на возила и да се намали загадувањето, во нашата земја, како што објави економистот Здравко Савески, повикувајќи се на податоци од Државниот завод за статистика, граѓаните масовно нагрнаа на автомобили.

Тој извади податоци колку се зголемило користењето на автомобили за пет години, но и колку се намалила употребата на јавен превоз. 

Бројките говорат дека дури 91 отсто опфаќа удделот на автомобилите во јавниот превоз во 2022 година, наспроти 8,6 отсто од автобуски превоз. 

- Ако се знае дека треба да почнеме што повеќе да користиме колективен превоз, овие бројки се шокантни! 

За само 6 години уделот на користењето на колите во превозот скокна од високи 77% на страшни 91%! 

Ама, нели, убаво не' програмираа да мислиме: „Имам пари - трошам како сакам!“ Па друг нека му ја мисли... - напиша Савески, алудираќи на ставовите на граѓаните дека сопствените пари ќе ги трошиме како сакаме, иако притоа голем дел од платите оди на превоз со автомобили. 

Еве ја неговата објава: 


Очекувано неговиот коментар ги предизвика граѓаните да коментираат, меѓу кои има и такви кои укажуваат дека јавниот превоз низ нашата земја е многу лош, дека скоро и да го нема, дека се чека предолго, но особено тешко е за луѓе кои имаат некаков хендикепт.  

Слично

Поврзани вести