Обвинителството оформи предмет за неправилности при надзорот во ЦСР во врска со трагедијата во Кaрпош
Јавното обвинителство на РСМ денеска соопшти дека оформило предмет врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи (ЦСР) во врска со случајот со смртта на мајката и девојчето кои паднаа од шести спрат во Карпош.
ОЈО Скопје, како што информираат ид ЈОРСМ, ќе преземе дејствија на проверки за да испита дали со овие неправилности се исполнети елементи на кривично дело кое се гони по службена должност.
Предметот е проследен до надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје.
Слично
