НАЈМНОГУ ЌЕ СЕ ГРАДИ ВО ПОЛОШКИОТ, СКОПСКИОТ И ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН - издадени повеќе одобренија за градба
Во јануари 2025 година се издадени 317 одобренија за градење, што е за 23,8 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.772.690 илјади денари, што е за 28,2 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
- Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 174 или 54,9 проценти се наменети за објекти од високоградба, 50 или 15,8 отсто за објекти од нискоградба и 93 или 29,3 проценти за објекти за реконструкција - се наведува во соопштението на Државниот завод за статистика.
Од таму посочуваат дека од вкупниот број на одобренија, за 178 или 56,2 проценти како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 139 или 43,8 отсто инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 759 станови, со вкупна корисна површина од 60.471 метри квадратни.
Од податоците кои ги објавува ДЗС, може да се види дека најголем дел од новите објекти ќе се градат во Полошкиот регион, каде се предвидени 77 нови објеки, веднаш зад нив се Скопскиот регион, за каде се издаени 68 одобренија за градба, додека трети е Југоисточниот регион со 56 одобренија.
Од споменатите региони, најмногу одобренија или најмногу нови објекти ќе има во наслебата Бутел во Скопје со 32 нови објекти, па следува Гевгелија со 29 нови инвестиции и трета е Маврово и Ростуше, за каде согласно одобренијата треба да никнат 21 нов објект.
