Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА ТАА ГУЖВА, УШТЕ ОВА ФАЛЕШЕ: Блокада на Евзони, Дојран и Меџитлија, грчките цариници во штрајк, ќе пропуштаат возила на 10 минути

НА ТАА ГУЖВА, УШТЕ ОВА ФАЛЕШЕ: Блокада на Евзони, Дојран и Меџитлија, грчките цариници во штрајк, ќе пропуштаат возила на 10 минути

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, на 27.07.2026 (понеделник) е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија), соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути додека товарниот сообраќај ќе биде целосно во прекин за влез и излез од Република Грција.

Од страна на МВР ќе се преземат сите мерки и во функција ќе бидат ставени сите човечки и технички капацитети“, се вели во соопштението на МВР.

 


Слично

Поврзани вести