Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЛАДИ ГОСТИВАРЧАНИ УАПСЕНИ ЗА КРАДЕЊЕ ОВЦИ - Дел од овците вратени кај сопственикот

МЛАДИ ГОСТИВАРЧАНИ УАПСЕНИ ЗА КРАДЕЊЕ ОВЦИ - Дел од овците вратени кај сопственикот

Две млади лица од гостиварското село Добридол се упасени поради кражба. Тие се обвинети дека украле дури 48 овци во сопственост на жител на Градец. 

Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден, околу 10.15 часот во гостиварски Добридол, полициски службеници на СВР Тетово-Полициско одделение Галате ги лишиле од слобода 18-годишниот Ј.М и 23-годишниот А.Д, двајцата од ова село. 

- Тие се осомничени дека минатата и оваа година извршиле дваесетина тешки кражби во регионот на Врапчиште и во тетовско, при што од куќи и други објекти одземале пари, предмети, добиток... Тие се осомничени и за кражбата извршена на 04.09.2023, при што од штала сопственост на 49-годишниот А.А. од гостиварски Градец одзеле 48 овци. Дел од одземените овци биле пронајдени и вратени на сопственикот. Против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок и денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка на Основниот суд Гостивар - соопштува МВР во билтенот. 

Слично

Поврзани вести