Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЛАД СКОПЈАНЕЦ НАПАДНАЛ ТРИГОДИШНО ДЕТЕ - Го соблекол голо и го допирал по телото

МЛАД СКОПЈАНЕЦ НАПАДНАЛ ТРИГОДИШНО ДЕТЕ - Го соблекол голо и го допирал по телото

Во средата вечерта во населбата Дебар маало во Скопје, педофил три и пол годишно детенце додека си играло со други деца. Случајот, според сведоштва се одвивал кај местото Дрвен град, кај старата кафана „Липа“.

Како што сведочат родители од ова маало за „Фокус“, ова е старо место за собирање на деца од повеќе возрасти, има лулашки за најмалите, игралиште за деца и еден летниковец на кој се собираат и поголеми деца, како и клупи на кои често седат родители.

Вечерта околу 20 часот на 13 септември, маж кој бил во тешка алкоолизирана состојба седел во непосредна близина на малите деца.

Во еден момент, едно од децата поминувало пред него, тој го грабнал и му ги спуштил пантолончињата и гаќичките. Во тој момент другото детенце кое било со него, на истата возраст, викнало по мајка му, која веднаш реагирала.

Случајот е пријавен во полиција, а педофилот бил приведен.

- На 13.09.2023 во 22.20 во Скопје полициски службеници од ПС Центар го лишиле од слобода С.Т. (39) од Скопје, постапувајќи по пријава од жена од Скопје дека во парк на подрачје на Центар С.Т. физички го нападнал и го допирал нејзиниот малолетен син. Известен е јавен обвинител и по расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок - велат од МВР.

Иако случајот го потврдуваат од МВР, сепак, зачудува фактот што овој громорозен злочин не најде место ниту во денешниот, ниту во вчерашниот билтен на МВР, каде вообичаено МВР соопштува што се случило во изминатите 24 часа. 

Слично

Поврзани вести