Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски ќе го менува Договорот од Преспа?

Мицкоски ќе го менува Договорот од Преспа?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа во интервју на МРТ на прашањето дали е подготвен да биде премиер на Република Северна Македонија, одговори, дека е подготвен да биде премиер на Македонија.

Мицкоски не кажа прецизно дали нема да го признае Договорот од Преспа кога би дошол на власт. Вели дека откако ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, тогаш граѓаните ќе виделе како процесот ќе биде изменет.

„Само прочитајте ја дипломатската нота во која Димитров објаснува дека nationality подразбира државјаство, а не нација. Ова значи дека самите се откажуваме од нацијата, вели ова не е нација, тука е државјанство. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие довербата и ќе се стори се овој процес да го измени, да ја добиеме довербата и ќе видите“, рече Мицкоски.

Тој е убеден дека на избори ќе победат. Негира дека имаат лоши односи како партија со Западот. 

Слично

Поврзани вести