Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меѓународниот балкански универзитет дел од Светската недела на претприемништвото

Меѓународниот балкански универзитет  дел од Светската недела на претприемништвото

По повод Светската недела на претприемништвото, Меѓународниот балкански универзитет во соработка со Startup Macedonia организираат онлајн настан - „Влијанието на претприемничкото образование: мултидисциплинарен пристап кон креирање на претприемачки начин на размислување кај дипломираните студенти”.

Настанот ќе се одржи во петок, 20 ноември, со почеток во 10:30часот, а ќе биде од отворен тип и сите заинтересирани ќе можат да го следат преку Zoom платформата на следниот линк, со внесување на кодот 018771.

На темата ќе зборуваат Проф. д-р Емилија Стоименова Цаневска, Доц. д-р Наталија Шикова, Доц. д-р Ервин Домазет, Вон. Проф. д-р Наташа Кралева и Проф. д-р Викторија Кафеџиска, а модератор на настанот ќе биде М-р Вероника Томова.

Светската недела на претприемништво оваа година се одржува од 16 до 22 ноември, под мотото „Отстранување на бариерите, сите се добредојдени” и во неа се вклучени 180 земји ширум светот, односно 20.000 партнер-организации со 40.000 активности кои вклучуваат 10 милиони луѓе. 


Слично

Поврзани вести