Македонија ќе остане без влада ако не се прифатат барањата на Ахмети?
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети не је исклучи можноста Македонија да остане без влада ако не се прифатат неговите барања за унапредување на правата на Албанците.
Ова тој го изјави за АлсатМ. Оцени дека „кај македонските партии треба да надвладее разум, бидејќи најштетна алтерантива за земјата е да остане без влада“.
Ахмети изјави дека нема да ги разочара Албанците со одлуката со кој ќе влезе во новата влада на Македонија. Тој во интервју за телевизијата “АлсатМ не прецизира дали изборот ќе биде ВМРО ДПМНЕ или СДСМ. Ахмети исто така изјави дека уште немало никакви преговори со лидерите на двете партии кои добија најголем број пратенички мандати.
Слично
