Економија, финансии, бизнис

Контакт

КУМАНОВСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ГИ „РАЗГАЛИ“ ЖЕНИТЕ - цвеќе за вработените во општината

КУМАНОВСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ГИ „РАЗГАЛИ“ ЖЕНИТЕ - цвеќе за вработените во општината

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски по повод денешиот празник „Денот на жената“ објави фотографии од одбележувањето на празникот на жената во општинските канцеларии. 

Како што може да се забележи од фотографиите тој на припадничките на понежниот пол им подари саксиско цвеќе „Азалеа рододендрон“, кое важи за едно од омилените меѓу љубителите на собно цвеќе.

- Општинскиот женски тим претставува значајна нишка во нашата институција, која успешно раководи и функционира, носејќи важни одлуки и решенија.

По повод 8-ми Март, Денот на жената имав празнична средба со раководниот тим и тимот на мојот кабинет, составен од припаднички на понежниот пол во Општина Куманово, при што ги испочитував со симболичен подарок - напиша Димитриевски во својата објава на „Фејсбук“.

Тој во својата објава дополнува дека „на сите припаднички на понежниот пол им посакувам среќен и успешен ден, со желба за нови успеси на приватен и професионален план, сплотеност и заедништво, кои водат кон нови успешни денови“.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести