Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Ќосето е жив“ ечи пред ДИК: Победата ќе се чува цела ноќ!

„Ќосето е жив“ ечи пред ДИК: Победата ќе се чува цела ноќ!

И додека ДИК е на пауза после долгите расправи за изборните нерегуларности, приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ „се смрзнуваат“ и велат дека сакаат да спречат да биде украдена изборната победа .

Пред малку пред насобраната толпа се обрати градоначалникот на Скопје Коце Трајановски кој порача дека ова е голем срам за државата и дека ако треба цела ноќ ќе останат пред ДИК да ја чуваат победата.

Откако заврши со говорот, толпата почна да скандира „Ќосето е жив“...

Името на овој лик во историјата познат како ликвидатор, во изборната кампања го употреби и лидерот на партијата Груевски на митинг во Делчево.

Филип Петровски рече дека ќе останат цела вечер пред ДИК, и рече дека е Доста. И дека тие нема да се повлечат, а порача на СДСМ да го признае победникот и да честита победа.

Слично

Поврзани вести