Ќе се распределуваат 958 рамковни вработувања во државни институции
Владиниот портпарол Миле Бошњаковски, соопшти дека вкупно 958 рамковни вработувања ќе бидат распределени по државните институции од кои 50 во МВР, 26 во Јавното обвинителство, 39 во УЈП, 11 во Државниот завод за ревизија, 13 во Агенцијата за вработување, 20 во Министерството за правда,...
Тој истакна дека во целиот овој процес многу се внимава на степенот на образование на лицата, како и на нивните вештини, со цел интитуциите да добијат на квалитет.
„Не објавуваме ништо ново. Постапката е објавена пред два месеца кога почна. Списокот на институции во кои ќе се вршат распределбите на рамковните вработувања е доставен до медиумите. Постапката е комплексна, тие луѓе работат, но треба да се усогласат повеќе решенија меѓу повеќе институции. Дел од нив се веќе почнати. Владата на некоја од наредните седници веројатно ќе побара информација до каде се постапката и распределувањето. Кога ќе ги имаме информациите, ќе ги споделиме“, кажа Бошњаковски одговарајќи на новинарско прашање.
Во врска со вчерашната владина одлука за финансиската поддршка што треба да ја добијат 100 македонски компании, портпаролот укажа дека детали попладнево на прес-конференција во Владата ќе соопштат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши.
