Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОДДРШКА ЗА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА?! - има некои многу познати имиња, кој се стои позади неа

ПОДДРШКА ЗА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА?! - има некои многу познати имиња, кој се стои позади неа

На социјалните мрежи е споделена фотографија на која се наоѓаат лицата кои се дел од поддршката на претседателката Гордана Силјановска - Давкова. 

На неа може да се видат дел од добро познати личности во македонската јавност, меѓу нив Горан Момировски, Жидас Даскалов, Златко Јанковски, Никола Трајчевски и Ивица Боцевски. 

Еве што Боцевски објави на својот профил:


Допрва ќе биде откриено кој се ќе се најде во тимот на претседателката кој ќе биде задолжен за комуникација со јавносто. 

Она што и познато на редакцијата на Фактор, е дека едно од лицата на оваа фотографија ќе биде дел од Кабинетот на Силјановска - Давкова. 

Кабинетот на претседателот е стручна служба којашто работи за поддршка и за реализација на активностите и приоритетите предвидени во мандатот на претседателот добиен од граѓаните на општи и непосредни избори.

Организацијата на Кабинетот се врши со одлука на претседателот, а Кабинетот го води генерален секретар, којшто го назначува претседателот и е одговорен за целокупното работење на Кабинетот.

Претседателката претходно најави дека ќе се опкружи со женска сила, но на фотографиите засега не гледаме ниту една припадничка на понежниот пол. 

Сепак, точните ликови кои ќе бидат покрај претседателкта постојано доправа ќе ги дознаваме. 

 Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично

Поврзани вести