Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иефимерида да ги објави имињата на корумпираните македонски новинари

Иефимерида да ги објави имињата на корумпираните македонски новинари

Новинарските организации од земјава бараат Иефимерида да ги објави имињата на корумпираните новинари.

Здружението на новинарите на Македонија, Советот за етика во медиумите на Македонија и Независниот синдикат на новинари и медиумски работници вчера испратија допис до грчкиот веб портал Иефимерида, кој месецов објави информации дека грчката Влада потрошила милионски суми за корумпирање на македонски медиуми и новинари.

Во дописот ЗНМ, СЕММ и ССНМ бараат од уредништвото на Иефимерида да ги објави имињата на новинари и медиуми што наводно примале пари со цел да навиваат јавно за Договорот од Преспа.

Објавување на нецелосни информации во врска со работата на македонските новинари го урива нивниот углед и довербата пред јавноста и во исто време претставуваат злонамерни шпекулации, кои можат да им служат само на политичките интереси, додаваат тие. 

Слично

Поврзани вести