Хан за Топ тема: Покана за НАТО на следниот самит
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за Топ тема на телевизија Телма верува дека референдумот ќе биде успешно спроведен и дека ќе добиеме покана за НАТО на следниот самит.
Според него, преговорите ќе стартуваат, но Македонија за една година мора да има некакви реформи.
Еврокомесарот истакна: „Ова е јасна задача, перспектива и голема награда за постигнувањата од последните неколку недели. Мора да сфатиме дека во рок од една година треба да има некакви реформи. Работата е завршена, луѓето во земјата може да се потпрат на овој исход. Сега треба да почнеме да ги подготвуваме преговорите“.
Хан истакна дека мнозинството членки на ЕУ едвај чекаа да почнат преговорите, признавајќи го напредокот на Македонија и покрај противењето на Франција. „Неколку беа скептични, но не против. Важно е дека мнозинството беше „за“. Останатите имаа загриженост, но тоа не беше нешто што не може да се реши, што не е невообичано за ЕУ со оглед дека има 28 членки и исто толку различни мислења“.
