ГРУЕВСКИ СО СПЕЦИЈАЛНО ОБРАЌАЊЕ ДО МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА: Еве што им порача поранешниот премиер
Пописот во соседна Албанија и зачестените дојави дека се врши притисок врз тамоштните Македонци да се попишат како Бугари, беше причина преку Фејсбук повторно да се јави поранешниот премиер кои избега во Унгарија, Никола Груевси.
- Деновиве започна пописот во Албанија. Добив загрижачки пораки од Македонци во Албанија кои кога ги читам единствено ме потсетуваат на состојбите во Македонија во 19. и првата половина на 20. век. Просто е неверојатно како историјата се повторува. И не само во овој случај, туку многу пошироко.
Информациите од теренот говорат дека официјални и неофицијални преставници на други држави дејствуваат на теренот помеѓу македонското население со пропаганда, но и со разни уцени за што поголем дел од Македонците да не се попишат како што реално се чувствуваат - македонци, туку како припадници на една друга нација различна и негаторска кон македонската, со која имаме сличности, им посакуваме се најдобро, но сме далеку од иста нација.
Ние сме свесни дека како и во Македонија, така и во Албанија, многумина македонци земаа пасоши на една друга земја исклучиво од економски потреби во услови на тешка економска состојба, а не реално заради самочувство на припадност кон таа нација. Тие и потоа си останаа со истото самочувство - македонско, и си говорат ист јазик- македонскиот - напиша Груевски на Фејсбук.
Тој поторно со опширен пост и се обраќа на јавноста, а меѓу другото на граѓаните во соседан Албанија им препорача да се попишат онака како што се чуствуваат.
- Пишете сѐ тоа што се чувствувате во вашата душа. Не правете компромиси со чувствата по никоја цена, со нешто за што нашите предци во далеку потешки услови и кога воопшто Македонија не постоела како држава, дури ни Албанија - опстојале, издржале и не потклекнале.
Знам дека не ви е лесен животот. Но, не дозволувајте да се пишете таму каде не морате она што не сте, и она што целиот живот ќе ви ја подрива совеста и сами од себе ќе чувствувате срам и грижа на совеста.
Знам дека во моментот Македонија е девастирана држава водена од власт која создаде пустош и предавства на националните интереси. Но, политичарите и власта се менливи и минливи работи. Македонија е држава и колку и да е сега слаба, повторно ќе се издигне. Не потклекнувајте од моменталната национална апатијата. Ќе помине тоа. Македонија пак ќе се крене - истакна Груевски.
Својот пост го заврши со „Ние сме Македонци и ние сме горди на тоа. Македонците се секаде низ светот ценети и почитувани, и многу по ценети од народите на многу други држави кои моментално се наоѓаат во некоја подобра економска или политичка позиција.
Да живее Македонија,
Да живеат Македонците кои странските пропаганди не успеаја со векови и нема да успеат да ги скршат и да им го згазат достоинството!
Да живеат македонците во Албанија и насекаде низ светот! - посочи Груевски.
Слично
