Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грамоз Ручи му честита на Џафери и го кани во Тирана

Грамоз Ручи му честита на Џафери и го кани во Тирана

Спикерот на албанскиот парламент Грамоз Ручи, му го честиташе реизиборот за спикер на македонскиот парламент на Талат Џафери. 

Додава дека неговиот повторен избор е потврда за зрелоста и еманципацијата на албанската политичка елита во Република Северна Македонија.

„Ви упатувам најсрдечни честитки по повод вашиот реизбор, од мое лично и од име на Собранието на Република Албанија. Вашиот реизбор претставува потврда за зрелоста и еманципацијата на албанската политичка елита во Северна Македонија и нејзината одговорност за консолидација на демократијата, изградбата на праведно општество, економски и општествен развој и забрзување на евроатланските интегративни процеси на Северна Македонија“, се наведува во чеситката.

Изразува убеденост дека зголемувањето и зајакнувањето на политичката застапеност ќе служат за подобрување на благосостојбата и поттикнување на проширување на вклученоста на Албанците на сите нивоа и институции во нашата земја.

Тој го покани Џафери да ја посети Албанија. 

Денеска со 62 гласа „за“ и 43 „против“ Џафери е реизбран за спикер. 

Џафери по седницата даде збор дека претседател на парламентот  ќе биде во служба на сите 120 пратеници без разлика што дел од нив не гласале за него. 

Слично

Поврзани вести