ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА НА ПАТОТ КИЧЕВО - ГОСТИВАР: три лица го загубија животот, уште осум се повредени
Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајната несреќа што доцна синоќа се случи на патниот правец Кичево-Гостивар.
Според информациите на портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, вечерва во 20:55 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека се случила сообраќајна незгода на патот Кичево-Гостивар, помеѓу Кичево и селото Трапчин Дол во која учествувале три возила.
- Според првичните информации три лица починале како последица на добиените повреди, а осум лица се повредени. Дел од нив се пренесуваат во болницата во Кичево, дел во Клинички центар Мајка Тереза во Скопје - изјави Димоски.
Дел од повредените лица биле пренесени во болницата во Кичево, додека дури повредени се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Како што информираа службите, по 21 часот сообраќајот на овој патен правец бил во прекин.
