Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Вардар Шампиони - Столтенберг пристигна во Скопје

ФОКУС НА ДЕНОТ: Вардар Шампиони - Столтенберг пристигна во Скопје

 * ВТОРА ТИТУЛА ЗА ВАРДАР: Браво Шампиони

Вардар е првак во Европа.

По втор пат милениците на ракометот во земјава Вардар ја освоија титулата на Лига на Шампиони.

Браво момци, браво за целиот тим, Виде сте лавови со срце како планина.

Радувај се Македонијо, радувај се на оваа голема победа.

* Заев: Вардаре, победуваш и обединуваш, радост си најголема за нашиот народ

Македонскиот премиер, Зоран Заев, преку својот Фејсбук профил ја честиташе победата на Вардар во Ф4 против Веспрем и новата европска титула.

Тие се искачија на врвот на Европа победувајќи со 27-24.

„Уште еден македонски блесок во Европа! Алал да ти е Вардаре, победуваш и обединуваш, радост си најголема за нашиот народ. Ве чекаме во Скопје!“, напиша премиерот на својот профил.

* Мицкоски: Вардар од Македонија шампион на Европа!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му честиташе на Вардар за постигнатиот успех. 

„Вака изгледа надојден Вардар, шампионски Вардар. Вардар од Македонија шампион на Европа! Нè направија горди во срцето на Европа. Вистинска радост за нашата земја“, напиша Мицкоски.

Вели дека нема запирање и тогаш кога е тешко, и тогаш кога има такви кои велат оваа е тешка задача.

* ФУРИОЗЕН СТАРТ: Вардар со позитива на крајот од првото полувреме

Вардарци одиграа добро во првото полувреме и го завршија првиот дел од натпреварот со позитива од 5 гола. Односно „Црвено-црните “ дадоа 16 гола, а противникот Веспрем успеа да даде 11 голови.

Во ВИП ложата во арената Ланксес во Келн ги поддржува и единствениот финансиер на „Црвено-црните“ рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко.

* СТИГНА ВО СКОПЈЕ: Со кого ќе се сретне Столтенберг?

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг слета на Меѓународниот аеродром Скопје. 

За околу еден час се очекува да слета и вториот авион во кој се амбасадорите на земјите членки на НАТО, односно Северноатланскиот совет (НАК), со нивните придружни делегации.

На аеродромот ги пречека висока владина делегација по што се упатија кон Собранието на Република Северна Македонија каде ќе се одржи свечен прием во нивна чест.

* НЕМА РААТ ЗА ЗАЕВ: Политиката „притиска“

На форумот „Две години влада – одговорно пред граѓанит “ премиерот Зоран Заев изјави дека не влегол во политиката за да си го гледа раатот.

„Струмичани имаат една изрека „Глеј си раатот“, ја во политиката не влегов да си го глеам  раатот“, кажа Заев на трибината.

Премиерот истакна и дека успеале како Влада да ги затворат сите отворени прашања за овие две години. Превзеле и одговорност што никој не сакал да ја преземе цели 3 децении.

* (ВИДЕО) Страшна сообраќајна незгода во Хрватска: Има и починати

Во сообраќајна незгода којашто се случила на автопатот А3 во Хрватска, државјанин на Македонија го загубил животот.

Во несреќата учествувале камион и автобус со босански регистерски таблички. Починатото лице го управувал камионот, пренесуваат медиумите од регионот.





Слично

Поврзани вести