ЕДНОГОДИШНИОТ ЈАКОВ СЕ БОРИ СО РЕДОК ВИД НА ЛЕУКЕМИЈА: потребна му е помош да замине на лекување во Турција
Едногодишниот Јаков Ампов од селот Трстија - Виница се бори со редок вид на леукемија (Dg.Leukaemialymphoblastica acuta).
За негово успешно лекување неопходни се 20 илјади евра за тој да замине на третман во Турција, поради што на семејството на Јаков им е потребна финансиска помош.
- Потребна е итна трансплантација на коскена срж кој ќе значи здравје и живот за ова мало детуле од село Трстија-Виница. Овој третман се изведува во Турција и потребни се 20.000 евра за реализација на истиот, паричен износ кој семејството не може да го обезбеди. Затоа се отворени донаторски сметки и АПЕЛ на хуманитарната светска платформа за донации - стои во објавата на социјалните мрежи.
Исто така креиран е Хуманитарен апел за Јаков на плаформата „Go Fund Me“ и од потребните 20.000 евра, собрани се од донации 9.296 евра, донирано од 218 донатори од Македонија и светот.
Во прилог се дадени сметките за донирање во Македонија и странство:
Жиро сметка: 300- 00 70921389 – 34
Корисник: Марија Ампова
Депонент: Комерцијална Бакна – АД Скопје
За девизни дознаки од странство:
Name: MARIJA AMPOVA
Address: s.TRSTINO – Vinica
Acc.no.: 0230703696363
IBAN: MK07300307036963670
Апелот за помош масовно се споделува на социјалните мрежи:
Фото: Принтскрин/Фејсбук
