Е-конзулат ќе понуди услуги за нашинците во странство
Ќе се спроведе Е-конзулат за побрза и поефикасна услуга за нашите во странство.
Владата ја разгледа и усвои Информацијата за проектот за дигитализација на конзуларните услуги во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство.
„Дигитализацијата на конзуларните услуги во странство (Е-конзулат) се наметна како неопходна потреба заради модернизирање на работата на ДКП-ата, а со крајна цел овозможување на брзи, ефикасни и економски исплатливи услуги на нашите граѓани во странство, што особено дојде до израз за време на кризата предизвикана од КОВИД-19.
Е-конзулат предвидува дигитализaција на конзуларните услуги кои се даваат во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, почнувајќи од постапката за аплицирање, он-лајн плаќање, како и добивање на документите лично или по пошта“, информираат од Владата.
Со оваа платформа на македонските државјани кои живеат во странство ќе им се овозможи да дојдат до конзуларни услуги на полесен начин и за пократок временски период.
