Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ ЈА ТРЕСЕА МАКЕДОНИЈА: Жителите на Струмица и Штип вознемирени

ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ ЈА ТРЕСЕА МАКЕДОНИЈА: Жителите на Струмица и Штип вознемирени

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава 26.04.2023 година регистрираше два земјотреси од кои првиот 120 km југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Струмица, а вториот на 70 km југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе - Штип.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, првиот земјотресот се случи во 4 часот и 55 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.2 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала и беше почувствуван од населението во Струмица и околината, а вториот се случи во 6 часот и 32 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала и беше почувствуван од населението во Штип и околината.

Слично

Поврзани вести