Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ во Мала Речица решава: Коалиција со Груевски или сепак не?

ДУИ во Мала Речица решава: Коалиција со Груевски или сепак не?

Али Ахмети и ДУИ се пред финална одлука.

Во Мала Речица  централното претседателство на ДУИ во проширен состав се решава за можна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за состав на нов владин кабинет.

Засега неизвесностите околу новата Влада продолжуваат.

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи во кратка изјава за медиумите пред седиштето изјави дека за нив е важна Платформата на Албанците и начинот како тој договор ќе се реализира.

„Во текот на денот од дебатата ќе поминеме на поконкретни предлози“, рече Османи.

Османи ги отфрли шпекулациите дека Ахмети, предложил коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а другите членови на партијата биле против.

„Ги отфрлам таквите шпекулации. Ахмети има статутарно право и сам да одлучи за чекорите, но негова цел е да ги слушне мислењата на сите членови на претседателството за сите опции, за да се донесе најздрава одлука. Отфрлувам дека има раздор во партијата или некакви преференци. Не ни е битна политичката судбина на ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ важна ни е реализацијата на платформата и договорот потпишан со Албанците “, потенцира Османи.

Засега не е познато до кога ДУИ ќе решава за коалициското прашање, но не е исклучена можноста средбата да трае и до после полноќ.

Слично

Поврзани вести