Драган Антоновски е нов директор на МИА
Долгогодишниот новинар, Драган Антоновски е нов директор на Македонската информативна Агенција (МИА).
Toj е назначен со одлука на новите органи на агенцијата. По именувањето на новиот Надзорен одбор на МИА , од страна на Владата, вчера била организирана и првата седница, по што е избран нов Управниот одбор кој го именува новиот главен и одговорен уредник и директор на МИА, Драган Антоновски.
Надзорниот го именува Владата, а Управниот е од редот на вработените новинари на МИА.
Драган Антоновски работеше во МРТВ, ТВ А1, Канал 5, Сител, основач е на новинарскиот синдикат (ССНМ) каде ја извршуваше функцијата потпретседател, основач на Советот за етика (СЕММ) каде е претседател на УО, член на ЗНМ основач на порталите, Реалити Македонија (2001) , Локално (2013) и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди.
